Балкански рис — подвид на евроазискиот рис одродот рис .Балканскиот рис е национален симбол на Македонија и се наоѓа на монетата од пет денари. Рисот се смета за најголема мачка во континентот. Балканскиот рис бил на работ на истребување. Се проценува дека има околу 100 единки останато. Балканскиот рис започнува да се пари во јануари до февруари, а се раѓаат малите во април.Во минатото, рисот бил распространет на целата територија во западните и јужните делови наМакедонија, како и на некои планини во источна Македонија.
Со влошување на животните услови балканскиот рис целосно исчезнал од источните делови на Македонија, така што денес може да се најде само во густите шуми и недопрени области во Западна Македонија.

Comments

Post a Comment